ВИДЕО СПОТ

АУДИО СПОТ

Одржан настан на ИКС „Медиумите во 2050“

Како ќе изгледаат медиумите, новинарството и информирањето во 2050 година? Каква улога ќе имаат вештачката интелигенција, медиумската писменост и граѓаните во обликувањето на идниот информациски простор? Овие прашања беа во фокусот на предавањето на Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии (ИКС), која на 29 октомври учествуваше во четвртата глобална серија предавања на УНЕСКО-катедрите „Светот…

Прочитај повеќе

Одржан настан на ИКС посветен на младите и дезинформациските кампањи

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 3 ноември Институтот за комуникациски студии го одржа настанот Младите, дезинформациските кампањи и СММИ. Настанот ќе се одржи во Собранието на РСМ, Сала Борис Трајковски“, каде ученици од седум училишта од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково разговараа со пратениците за дезинформациите со кои се среќаваат, информациите…

Прочитај повеќе

Кој ти кажа? Од муабет до социјални мрежи – работилница за проверка на информации

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2026, „Лице в лице“ организираше работилница за своите продавачи и координатори, која беше наменета за препознавање дезинформации, лажни вести, проверка на информации и одговорно споделување содржини. Како да препознаеме дали информацијата што ја слушаме или ја читаме на социјалните мрежи е веродостојна? Од секојдневните разговори до дигиталните платформи,…

Прочитај повеќе

Националниот младински совет на Македонија одржа настан посветен на медиумите, образованието и младите во дигиталната ера

На 28 октомври, во рамки на Деновите на медиумска писменост Националниот младински совет на Македонија одржа настан посветен на медиумите, образованието и младите во дигиталната ера. Настанот одбележа важен чекор за медиумското образование во Северна Македонија – претставувањето на програмата за изборниот предмет „Медиумска писменост“ и прирачникот за наставници за средно образование! За првпат, медиумската…

Прочитај повеќе

Јавна седница на Комисијата за жалби

Во присуство на 50-тина средношколци, Комисијата за жалби при СЕММ на 29 октомври одржа јавна седница на која беа разгледани тековните 4 жалби и беа донесени одлуки за тоа дали посочените медиуми го имаат прекршено Кодексот на новинари на Македонија. Младите, ученици во гимназии и средни училишта од Скопје, Богданци и Гостивар, по седницата поставија…

Прочитај повеќе

„Што гледаме, во што веруваме?“: Средношколците од „Никола Карев“ преку работилница ги преиспитуваа своите онлајн навики

Како младите одлучуваат дали да ѝ веруваат на некоја објава? Што кај нив предизвикува сомнеж и како емоциите влијаат врз содржините што ги следат и ги споделуваат? Овие прашања беа во фокусот на работилницата „Што гледаме, во што веруваме? Младите и онлајн содржините“, која Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја одржа на 28 октомври со…

Прочитај повеќе

Одржана работилница за студенти „Во ерата на ВИ: Ништо не е така како што изгледа“

Скопје, 26 октомври 2026 – Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска се одржа работилница посветена на предизвиците на младите поврзани со вештачката интелигенција. На настанот учествуваа ученици од средните училишта „Кочо Рацин“ и „Јосип Броз Тито“ од Скопје, како и од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово, кои преку дискусија и интерактивни активности…

Прочитај повеќе

Промовирано Истражувањето на медиумската писменост кај учениците во средното образование

Скопје, 26 октомври 2026 – Денеска на првиот ден од годинешните Денови на медиумска писменост во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа презентација на Истражувањето на медиумската писменост кај учениците во средното образование. Истражувањето за потребите на АВМУ го изработи Агенцијата Рејтинг. Како што посочи во својата презентација претставничката на…

Прочитај повеќе

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

Скопје, 26 октомври 2026 – Од денеска до 2 ноември ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2026 (ДМП), организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Мрежата за медиумска писменост (ММП). Со нив, нашата држава по осми пат се приклучува кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.…

Прочитај повеќе

Најава за настан на Хелсиншки комитет – 2 ноември

На 2 ноември со почеток во 10:00 часот, во организација на Хелсиншки комитет за човекови права ќе се одржи настан „Од дијалог до дејствување: Поврзување на образованието, политиките и практиката за зголемена стапка на медиумска писменост. Настанот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 2-от кат.

Прочитај повеќе

Најава за настан на ИКС – 3 ноември

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 3 ноември Институтот за комуникациски студии ќе го одржи настанот Младите, дезинформациските кампањи и СММИ. Настанот ќе се одржи во Собранието на РСМ, Сала Борис Трајковски“ со почеток во 11:00 часот.

Прочитај повеќе

Најава за годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост – 30 октомври

Мрежата за медиумска писменост, во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 30 октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе го одржи својот годишен состанок. Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на вториот кат. На состанокот ќе се разговара за досегашните активности на Мрежата, постигнатите резултати и…

Прочитај повеќе

Најава за настан „Лице в лице“: Од муабет до социјални мрежи – 29 октомври

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 29 октомври, со почеток во 11 часот, „Лице в лице“ ќе одржи работилница за своите продавачи и координатори, насловена „Кој ти кажа? Лице в лице со информациите – од муабет до социјални мрежи“. Работилницата ќе биде посветена на тоа како препознаваме, проверуваме и споделуваме информации во свет…

Прочитај повеќе

Најава за јавен состанок на Комисијата за жалби – 29 октомври

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 29 октомври Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите ќе одржи јавен состанок. Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 2-от кат со почеток во 11:00 часот.

Прочитај повеќе

Најава за настан на Институтот за комуникациски студии – 29 октомври

Како ќе изгледаат медиумите, новинарството и информирањето во 2050 година? Каква улога ќе имаат вештачката интелигенција, медиумската писменост и граѓаните во обликувањето на идниот информациски простор? Овие прашања ќе бидат во фокусот на предавањето на Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии (ИКС), која на 29 октомври 2026 година ќе учествува во четвртата глобална серија…

Прочитај повеќе

Најава за настан на Институтот за комуникациски студии – 28 октомври

Институтот за комуникациски студии на 28 октомври (среда) со почеток во 12 часот ќе го одржи настанот Што гледаме, во што веруваме? Младите и онлајн содржините, наменет за средношколци. Дискусијата ќе се одржи во СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје.  

Прочитај повеќе

Најава за настан на Националниот младински совет на Македонија – 28 октомври

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 28 октомври (среда) со почеток во 11 часот, Националниот младински совет на Македонија ќе одржи настан посветен на медиумите, образованието и младите во дигиталната ера. Настанот ќе се одржи во Хотел Лимак.

Прочитај повеќе