Најава за настан „Лице в лице“: Од муабет до социјални мрежи – 29 октомври
Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 29 октомври, со почеток во 11 часот, „Лице в лице“ ќе одржи работилница за своите продавачи и координатори, насловена „Кој ти кажа? Лице в лице со информациите – од муабет до социјални мрежи“. Работилницата ќе биде посветена на тоа како препознаваме, проверуваме и споделуваме информации во свет…




