Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да  придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

Мрежата беше создадена во 2017 година од 35 членки-основачки, а нејзиното членство сега е речиси удвоено. Повеќе информации за промоцијата на Мрежата можат да се најдат во следниов текст. Таа сега има 86 членки (јавни институции и министерства, граѓански организации, образовни установи, радиодифузери и физички лица) и е континуирано отворена за нови членови – потребно е само да се прифати Актот за формирање и да се достави во АВМУ потпишана Пристапница.

Таа беше формирана на иницијатива на Агенцијата но им припаѓа на сите и ќе биде онолку успешна колку што сите ќе бидат подготвени да ја користат.

 

Комуникацијата во Мрежата се одвива активно преку посебна електронска адреса:
mediumska.pismenost@avmu.mk