ДМП 2021: На час по медиумска писменост – „Верификација на информации“ (МИМ)
Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021, беа одржани повеќе работилници за медиумската писменост во средните училишта, во организација…
ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2021
„ВИРТУЕЛНО ИЛИ РЕАЛНО – ПРАВИЛАТА СЕ ИСТИ!“
Од 22 до 29 ноември 2021 ќе се одржат третите Денови на медиумска писменост (ДМП 2021). Мрежата за медиумска писменост овојпат ги посветува ДМП на децата и младите, мотивирана од најновиот развој на полето на медиумската писменост во нашата земја – официјалното влегување на медиумската писменост во курикулумот за основно образование, како пристап во предавањето, за што секако придонесоа и сите досегашни напори за унапредување на медиумската писменост кај граѓаните од сите генерации преку најразлични активности.
Во текот на осум дена, под мотото „Виртуелно или реално – правилата се исти! Да бидеме медиумски писмени“ ќе се одржат низа настани посветени на градењето и развојот на критичката свесност кај децата и младите, но и кај други целни групи кои се директно или индиректно поврзани со нив. Во организацијата, и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС, Институтот за комуникациски студии, ПИНА, Планет-М, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Институтот РЕСИС, Универзитетот на Југоисточна Европа, Младинскиот образовен форум и Радио МОФ, Фондацијата Метаморфозис, Советот за етика во медиумите на Македонија, Конеду глобал, МРТ и Лице в лице.
Со ДМП 2021, нашата земја е вклучена во Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24-31 октомври), која годинава се одржа по 10 пат, а беше посветена на темата: „Медиумска и информациска писменост за јавното добро“ (“Media and information literacy for the public good”).
Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021, беа одржани повеќе работилници за медиумската писменост во средните училишта, во организација…
Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола, радио на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, кое е дел од Мрежата за медиумска писменост, сакајќи…
Во рамките на Деновите на медиумска писменост за децата и младите 2021, на 30 ноември, беше одржана презентацијата на акциското…
Во рамките на ДМП 2021, на 26 ноември беа претставени „Препораките за професионално известување за деца и млади“ и воедно беше…
Скопје, 30 ноември 2021 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2021, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…
Како новиот проект „Младите размислуваат“ би помогнал во внесување на медиумската писменост во наставните програми и би се едуцирале млади…
Од 22 до 29 ноември 2021 ќе се одржат третите Денови на медиумска писменост (ДМП 2021). Мрежата за медиумска писменост…
Од 22 до 29 ноември 2021 ќе се одржат третите Денови на медиумска писменост (ДМП 2021). Во текот на осум…