ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2022

„РАЗМИСЛУВАЈ КРИТИЧКИ – СОСТАВИ ЈА ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА“

Мрежата за медиумска писменост ви ги најавува Деновите на медиумска писменост 2022 посветени на различностите и медиумската писменост, кои под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, ќе се одржат од 25 октомври до 1 ноември.

Со нив, РС Македонија по четврти пат се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО чиешто мото е „Негување доверба: Императив за медиумската и информациската писменост“.

Во текот на деновите, предвидени се многубројни настани кои ќе се одржуваат онлајн и во живо, како и посебни медиумски содржини и филмска програма, преку кои ќе се отворат повеќе аспекти на различностите во медиумите.

Ги повикуваме сите заинтересирани да земат учество на настаните и да ги следат новостите на пејџовите на Мрежата за медиумска писменост на Facebook, Instagram, Twitter и Youtube, како и на веб страницата – https://mediumskapismenost.mk/.

Видео и аудио спотот за најавата на Деновите на медиумска писменост 2022 погледнете ги на следните линкови:

Аудио спот – Денови на медиумска писменост 2022

ТВ спот – Денови на медиумска писменост 2022

DMP programa 2022-MK

Видеа од настани на ДМП 2022 на знаковен јазик

Со цел да се обезбеди поголема видливост и достапност на активностите кои се реализираа во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022, изработени се кратки видеа од повеќе настани прилагодени и за лицата со оштетен слух со додадено толкување на македонски знаковен јазик. Видеата се достапни на следните линкови: Видео на знаковен јазик – Работилница…

Прочитај повеќе

Видео од бесплатната филмска програма за учениците од ОУ и за лицата со посебни потреби

Погледнете го краткото видео кое говори за успешно реализираните активности и постигнатите ефекти. Се надеваме дека составивме цела приказна во која за првпат успешно ги вмреживме медиумската со филмската писменост под мотото „различности“.

Прочитај повеќе

Видео од панел-дискусијата „МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ И СТУДЕНТИТЕ“

Во рамки на Денови на медиумска писменост 2022, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје , Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies и Media Literacy Project YouThink, ја одржаа панел-дискусијата „МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ И СТУДЕНТИТЕ“, која е воедно и дел од програмата на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Во дискусијата беа опфатени…

Прочитај повеќе

Филмската писменост иако важна за развојот на децата, останува маргинализирана во образовниот систем

Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) – Филмот има големо влијание врз развојот на креативни, критички и културни знаења, вештини и идни компетенции кај децата, а според стручните лица, подеднакво ефикасна алатка е и за зајакнување на мотивацијата за учење. Сепак, со бавно темпо оваа културна уметност се обидува да си го најде своето место во…

Прочитај повеќе

Oдржана панел-дискусија на тема „ПРЕКУ МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ОБРАЗУВАМЕ МЛАДИ ГЕНЕРАЦИИ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ И СТЕРЕОТИПИ“

Како да образуваме млади генерации без стереотипи и без предрасуди и која е улогата на медиумската писменост во тој контекст? Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022, беше одржана панел-дискусијата на тема „ПРЕКУ МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ОБРАЗУВАМЕ МЛАДИ ГЕНЕРАЦИИ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ И СТЕРЕОТИПИ“. Погледнете дел од дискусијата, којашто беше во организација на Македонски институт за…

Прочитај повеќе

Oдржана јавна седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија

Во рамките на ДМП 2022, на 28.10.2022 г. беше одржана јавна седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, на која се разгледуваа сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните (печат и новински агенции), електронските (ТВ и радио) и во интернет медиумите во Македонија.…

Прочитај повеќе

Краток пресек од онлајн-дискусијата „Јасно и гласно“ на тема: „Како медиумите известуваат за младите со атипичен развој“

Како лицата со атипичен развој, односно младите со различни состојби и попречености, се прикажуваат во јавноста и медиумите? Како да се подобри нивната видливост во јавниот живот, и да не се маргинализираат? Погледнете го краткиот пресек од онлајн-дискусијата „Јасно и гласно“ на тема: „Како медиумите известуваат за младите со атипичен развој“. Дискусијата се одржа на…

Прочитај повеќе

Oдржана работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост „НЕОДЛОЖНА ПРИСТАПНОСТ“

Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022, беше одржана Работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост под наслов „НЕОДЛОЖНА ПРИСТАПНОСТ“, во организација на АВМУ. На работилницата беа побарани одговори на следните прашања: – Како лицата со попреченост го доживуваат начинот на кој се претставени во медиумите? – Какви се, всушност нивните комуникациски потреби?…

Прочитај повеќе

Специјална радио емисија за ДМП на УКЛО

Универзитетското радио УКЛО ФМ-Битола, радио на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, кое е дел од  Мрежата за медиумска писменост, сакајќи да даде свој придонес во рамките на одржувањето на Деновите на медиумска писменост 2022, најновото 37-мо издание на радиоемисијата за деца ,,Слушнете неее!“ го работеше под мотото  „Размислувај критички, состави ја целата приказна“. Целта беше слушателите да не…

Прочитај повеќе

Медиумска писменост – писменост на 21. Век

Медиумска писменост – писменост на 21. Век Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) – Способноста за пристап, разбирање, анализа и критичка оцена на различните медиуми и медиумски содржини, како и создавање комуникациски содржини во различни контексти се основа на медиумската писменост. Таа е неопходна за непречено функционирање во сите сфери од општеството, особено во дигиталниот свет…

Прочитај повеќе

Успешно реализирана активност – Бесплатно прикажување тематски филмови за деца од основните училишта

ФИЛМОТ влијае културно, креативно и критички врз децата и младите! 2139 ученици од 20 скопски училишта се вклучија во успешно реализирана активност – Бесплатно прикажување тематски филмови за деца од основните училишта (од VI до IX). Во 8 кино проекции кои се реализираа во три кина: Кино Милениум, Синеплекс, Кинотека беа прикажани три европски тематски…

Прочитај повеќе

Записник од состанокот на Мрежата за медиумска писменост одржан во рамките на Денови на медиумска писменост 2022

Во понеделник, 31 октомври 2022 во 13 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се одржа состанок на Мрежата за медиумска писменост. На состанокот присуствуваа  Емилија Петреска – Камењарова (АВМУ), Сашо Богдановски (АВМУ), Виктор Стојанов (АВМУ), Марина Трајкова (АВМУ), Ивана Стојаноска (АВМУ), Марина Тунева (експертка за медиуми), Бојан Шашевски (МОФ), Даниела Станковска –…

Прочитај повеќе

Прва панел дискусија за медиумската писменост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје

Панел дискусијата „Медиумската писменост и студентите“ е првиот јавен настан што Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ИКС и ИРЕКС го организираа во рамки на проектот „Воведување на медиумската писменост за идните филолози“, поддржан преку програмата „Младите размислуваат“ на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Маја Бојаџиевска, која го…

Прочитај повеќе

Средношколците најчесто препознаваат дезинформации во здравството и политиката

Средношколците најчесто препознаваат дезинформации во здравството и политиката. Дезинформациите најчесто ги препознаваат во ударните и бомбастични наслови на социјалните мрежи велат учениците од средното медицинско училиште од Гостивар на работилницата: „Техники на новинарско пишување и препознавање на дезинформации“. Работилницата ја организираше Институтот за комуникациски студии на 26 октомври во рамки на Денови на медиумска писменост…

Прочитај повеќе

Годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост

На 31 октомври 2022 година со почеток во 13:00 часот, Мрежата за медиумска писменост ќе го одржи Годишниот состанок. Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, конференциска сала на 2-от кат.  

Прочитај повеќе

Панел-дискусија „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ Ве поканува на панел-дискусијата „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, која ќе се одржи на 31 окотмври 2022 година во Скопје, со почеток во 14:00 часот, на платформата за видео комуникација Zoom. Дискусијата е отворена за јавноста и претставници од медиумите. Заинтересираните може да ја проследат истата на следниот…

Прочитај повеќе

Мултимедијална изложба: „СТАКЛЕНА СОБА – Погрешни информации и манипулации на интернет“

Изложбата ќе биде отворена на 1 ноември 2022 во 19:30 часот во „Европска куќа“ во Скопје / Europe House Skopje​, и ќе биде достапна за посетителите во следните три месеци. Преку мултимедијални техники и алатки, посетителите ќе можат да дознаат повеќе за погрешните информации, за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис-моделите, дизајнерските…

Прочитај повеќе

Подкаст на Институтот Макс ван дер Штул: Идната генерација во ерата на дезинформации

Истражувачкиот кластер за медиумска писменост и дезинформации (MeDisInfo) на Институтот Макс ван дер Штул, во Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), во вторник, 1 ноември 2022 година, во 10 часот, ќе го емитува Подкастот: Идната генерација во ерата на дезинформации. Гости-говорници во овој подкаст се студентите на УЈИЕ: Ваљон Даути од Факултетот за современи науки и…

Прочитај повеќе

Одржана работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост

Скопје, 28 октомври 2022 –  Денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022 ја одржа работилницата „Неодложна пристапност“ – медиумските потреби на лицата со попреченост. Работилницата имаше за цел да им помогне на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање полесно да се справат со обврските…

Прочитај повеќе

Презентација на резултатите од студијата „Моралната паника и претставата на ЛГБТИ во медиумите“

Во организација на Коалицијата Маргини на 1 ноември во период од 11:00 – 12:00 часот, преку платформата Зоом, ќе се одржи онлајн презентација на резултатите од студијата „Моралната паника и претставата на ЛГБТИ во медиумите“. На настанот можете да се приклучите преку линкот https://us02web.zoom.us/j/86253970233 Што е морална паника? Кои се фазите на нејзиниот развој? Кои…

Прочитај повеќе

Јавна седница на Советот за етика во медиумите на Македонија

На 28.10.2022 (петок), во 17 часот, Совет за етика во медиумите на Македонија ќе одржи онлајн јавна седница на Комисијата за жалби, во рамки на одбележувањето на ДМП, на која ќе се разгледуваат тековни жалби примени во Советот за етика во медиумите на Македонија. Комисијата за жалби ги разгледува сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните…

Прочитај повеќе

Отворениот ден во Радио МОФ

Како е да се биде гласот на различностите“ е темата на Отворениот ден во Радио МОФ, кој ќе се одвива во петок, 28 октомври од 10 до 12 часот, како дел од #ДеновиНаМедиумскаПисменост Сите заинтересирани млади може да дојдат, влезат и погледнат во редакцијата на Радио МОФ, да ги запознаат новинарите и уредништвото, но и да…

Прочитај повеќе

Работилница на АВМУ „Неодложна пристапност“ – за медиумските потреби на лицата со попреченост

Како лицата со попреченост го доживуваат начинот на кој се претставени во медиумите? Какви се, всушност нивните комуникациски потреби? Што можат да направат медиумите за да одговорат на тие потреби и да го сменат начинот на кој известуваат за нив? Ова се дел од темите на кои ќе биде посветена работилницата „Неодложна пристапност“ – за…

Прочитај повеќе

Видео-дискусија Јасно и гласно: Како медиумите известуваат за младите на маргините

Радио МОФ на 27 октомври (четврток) од 12 часот се приклучува на #ДеновиНаМедиумскаПисменост со онлајн видео-дискусијата „Јасно и гласно“ на тема: „Како медиумите известуваат за младите на маргините“. Во фокус ќе бидат лицата со атипичен развој, односно млади со различни состојби и попречености, па на дискусијата ќе се отворат прашања за тоа како медиумите ги…

Прочитај повеќе

Панел-дискусија „Медиумската писменост и студентите“

Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институт за комуникациски студии ИКС и Media Literacy Project YouThink, Ви ја најавуваат панел-дискусијата „Медиумската писменост и студентите“, што ќе се одржи на 27.10.2022 (четврток), во 12.30 ч., во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет. Настанот е отворен за медиуми. Во двочасовната панел-дискусија воведен збор ќе даде проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан…

Прочитај повеќе

Панел-дискусијата „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“

Панел-дискусијата „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“ ќе се одржи на 26 октомври (среда), во хотел „Холидеј ин” во Скопје со почеток во 11:00 ч. Како панелисти се поканети наставници, професори, претставници на граѓански организации и новинари, кои ќе дискутираат за медиумската писменост како еден од механизмите за справување со стереотипите…

Прочитај повеќе

ИКС, ПРОЕКТ „КОРИСТИ ФАКТИ“

Како да препознаеме дезинформации, каде да ги пријавиме, но и како да креираме медиумски содржини, ќе учиме на медиумската лабораторија што Институтот за комуникациски студии ја организира на 26 октомври (среда) од 13.00 часот во СОМУ „Гостивар“- Гостивар. Работилницата е дел од проектот „Користи факти“ на Институтот за комуникациски студии финансиран од Владата на Обединето…

Прочитај повеќе

Отворени Денови на медиумска писменост 2022

Скопје, 25 октомври 2022 – Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, почнувајќи од денес па сè до 1 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2022. На овој начин, нашата земја четврта година по ред се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.…

Прочитај повеќе

Настани на МРТ за Деновите на медиумска писменост 2022

Македонската Телевизија, во континуитет, дава свој придонес за унапредување на медиумската писменост кај децата, младите и кај возрасните. Во рамки на ДМП 2022, од 25.10. до 01.11., ќе бидат емитувани едукативни емисии: – серијалот ВОЛШЕБНИКОТ И ТЕКНУВАЛКА (премиерно, секој работен ден во 11.15 ч.), – серијалот МЛАДИ ЗА МЛАДИ (во вторник и во среда во…

Прочитај повеќе

Инклузивни кина – филмска програма во рамките на Деновите на медиумска писменост 2022

Деновите на медиумска писменост 2022 – посветени на различностите и медиумската писменост – чие мото е „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, во својата програма нудат и бесплатни билети за филмови од редовниот репертоар наменети за лицата со попреченост. Активноста ја реализираат Работната група за филмска писменост на Мрежата за медиумска писменост, Агенцијата за филм,…

Прочитај повеќе

Филмови за деца од основни училишта – Филмска програма на Деновите на медиумска писменост 2022

Деновите на медиумска писменост 2022 – посветени на различностите и медиумската писменост – чие мото е „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, во својата програма нудат и бесплатен пристап за училишта до филмски проекции на тематски филмови наменети за деца од VI до IX одделение. Трите тематски филмови ќе бидат прикажани во три кина во…

Прочитај повеќе

ПОКАНА ЗА ПРЕС – КОНФЕРЕНЦИЈА

Скопје, 21.10.2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 25 октомври 2022 година (вторник) со почеток во 11 часот, ќе одржи прес – конференција, на која директорот д-р Зоран Трајчевски ќе ги отвори Деновите на медиумска писменост 2022 година. Во периодот од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“ во организација на АВМУ и Мрежата…

Прочитај повеќе

ПРОГРАМА ЗА ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2022

Од 25 октомври до 1 ноември, под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, ќе се одржат четвртите по ред Денови на медиумска писменост 2022. Во организацијата и оваа година, се вклучија поголем број членки на Мрежата и нивни поддржувачи: Македонскиот институт за медиуми, ИРЕКС, Проект на УСАИД за медиумска писменост – Младите размислуваат, Агенцијата…

Прочитај повеќе