На 28 октомври, во рамки на Деновите на медиумска писменост Националниот младински совет на Македонија одржа настан посветен на медиумите, образованието и младите во дигиталната ера.
Настанот одбележа важен чекор за медиумското образование во Северна Македонија – претставувањето на програмата за изборниот предмет „Медиумска писменост“ и прирачникот за наставници за средно образование!
За првпат, медиумската писменост добива конкретна форма во гимназиското образование – преку програма и практичен ресурс што ќе им помогнат на наставниците да ја доближат оваа тема до учениците.
Размената на искуства и перспективи на конференцијата „МедиУМска писменост: Медиумите, образованието и младите во дигиталната ера“ ја потврди важноста од заедничка заложба за создавање образовни можности преку кои младите ќе развиваат критичко размислување, ќе донесуваат информирани одлуки и ќе бидат активни чинители во демократските процеси.
Настанот беше организиран во рамки на Младинската лабораторија за политики на Западен Балкан (Western Balkans Youth Policy Lab), иницијатива на Регионалниот совет за соработка.






