Видеа изработени во рамки на проектот „Младите размислуваат“- Наставниците за значењето на медиумската писменост
Поврзани со улогата и унапредувањето на медиумската писменост изготвени во…
Поврзани со улогата и унапредувањето на медиумската писменост изготвени во…
Видеата се дел од проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“,…
Со цел да се обезбеди поголема видливост и достапност на…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како партнерска организација на…
„Министерството за труд и социјална политика подготви кампања за подигање…
21.02.2019г. – Во рамки на проектот „Тема за дилема“ кој го…
Насоки за користење на видео материјалите
Видео спотовите се покажуваат како исклучително корисно средство за пренесување знаење. Затоа, на ова ДВД се поместени повеќе спотови изработени/прилагодени од различни субјекти. И во овие насоки, и на обвивката на ДВД-то, се наоѓаат знаци за тоа за која возраст се препорачува секој од спотовите, тргнувајќи од специфичноста на изразите што се употребуваат и концептите што се објаснуваат.
Спотовите „Авантура низ медиумската писменост“ и „За свесноста: Што правам јас?“ се однесуваат за авантурата на момчето Јове низ медиумската писменост, а се изработени од Европската асоцијација за интересите на гледачите (ЕАВИ). Нив на македонски ги преведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а говорниот дел беше снимен со несебична поддршка на Антена 5 Радио. Овие спотови на албански јазик се преведени од старана на Конеду глобал и Метаморфозис со финансиска поддршка на Британската амбасада. Станува збор за анимирани видеа кои се препорачуваат се целата публика за штоја објаснуваат медиумската писменост на јазик и начин кои се лесно разбирливи и за најмалите.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше серија од пет спотови во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, што го реализира во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, и со поддршка на Европската Унија. Во нив, младата ју-тјуберка Изабела Пан, во улога на Медиана, на симпатичен начин објаснува пет различни сегменти на медиумската писменост („Медиумска писменост“, „Онлан живот“, „Точни и проверени информации“, „Вест“ и „Ангажирана публика“. Се препорачуваат за деца над 12 годни поради повисокото ниво на објаснување на поимите важни за медиумската писменост.
Спотот „АВМУ под лупа“, говори за работата на Агенцијата и нејзината одговорност пред граѓаните, а е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“ кој, со финансиска поддршка од Британската амбасада, го спроведуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Се препорачува за деца над 12 години поради специфичноста на самиот концепт на регулација на медиумите.