Од почетокот таа е организирана по принципот на хоризонтална структура, во која сите членови се еднакви и имаат исти права и обврски, со тоа што администрирањето го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Во 2019, со цел да се унапреди функционирањето на Мрежата, а сепак да се задржи хоризонталната структура, низ дебата меѓу членките беа формирани три работни групи и беа избрани Координативна група и координаторка. За координаторка на Мрежата беше избрана Емилија Петреска-Камењарова. Во 2021 е реизбрана за координаторка на Мрежата со мандат од две години.

Во декември 2021 година, Мрежата за медиумска писменост формираше уште една работна група за Филмска Писменост.

Четирите работни групи во кои зачленувањето е доброволно, се:

Работна група за: ФОРМАЛНО И НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Членки:

Билјана Јанева – Институт Охрид,

Жанета Трајкоска – ИКС,

Виолета Глигороска – Метаморфозис,

Олга Самарџиќ Јанкова – Конеду Глобал,

Снежана Трпевска – Институт РЕСИС,

Весна Никодиновска – МИМ,

Сашо Богдановски – АВМУ,

Катерина Синадиновска – СЕММ

Билјана Настеска Каланоска – ЗНМ

За координатор, членките на групата го избраа Сашо Богдановски

Записник – 11.09.2020

Работна група за: ИСТРАЖУВАЊА

Членки:

Дарко Мајковски – Институт Охрид,

Александра Теменугова – ИКС,

Горан Лазаров, Евротинк,

Игор Мицевски – Институт РЕСИС,

Виктор Стојанов – АВМУ,

Весна Никодиновска – МИМ,

Снежана Пачоска Китанчев – МРТ,

Марина Ивановска – СЕММ,

Столе Наумов – ЦРМ

Координатор, избран од членките на групата е Виктор Стојанов

Белешки од состанокот – 14.09.2020

Работна група за: ПРОМОЦИЈА НА МРЕЖАТА И ПРИВЛЕКУВАЊЕ НОВИ ЧЛЕНКИ

Членови:

Душко Арсовски – Диверзити медиа,

Моника Аксентиевска – ИКС,

Филип Стојановски – Метаморфозис,

Слободанка Филиповска – Конеду Глобал,

Ѓорѓи Митревски – Институт РЕСИС,

Марина Трајкова – АВМУ

Жаклина Ѓорѓевиќ – СЕММ

Членките на групата, за координаторка ја избраа Марина Трајкова

Белешки од состанокот – 11.09.2020

Работна група за: ФИЛМСКА ПИСМЕНОСТ

Членови:

Даниела Станковска Плачковска – Агенција за Филм

Ана Алексовска – ИКС

Дарко Башески – Планет М

Горан Цветковиќ – МРТ 1

Панде Ефтимов – МОФ

Сали Мемет – Прогрес Скопје

Емилија Величкова – СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје

Владимир Стојчевски – ЕСРА

Сашо Богдановски – ААВМУ

Славчо Миленковски – МИМ

Димитар Димовски – Фокус Покус

Мими Ѓоргоска Илиевска – експерт за заштита на аудиовизуелно наследство и филмска дејност

Марија Џиџева – филмска режисерка

Координатор на групата: Даниела Станковска Плачковска – Агенција за Филм

Записник – 27.12.2021

Записник – 28.02.2022

Записник – 28.03.2022

Низ процес на тајно гласање, Мрежата ги избра составот на Координативната група, и координаторката на Мрежата, чиј мандат започна на 15 ноември 2019 година.

 

Весна Никодиноска

Бојан Шашевски

 

Во 2022 се избрани со мандат од две години

 

Емилија Петреска-Камењарова

Снежана Трпевска

Марина Тунева

Во 2021 се реизбрани со мандат од две години

За координаторка на Мрежата беше избрана Емилија Петреска-Камењарова. Во 2021 е реизбрана за координаторка на Мрежата со мандат од две години.

На 25 март 2021 година, Мрежата за медиумска писменост стана дел од ЕМИЛ – Работната група на ЕПРА (Европската платформа на регулаторни тела). Оваа работна група до сега беше позната под името Media and Information Literacy Taskforce (Група за медиумска и информациска писменост), а со промената на името беше формализирана и нејзината структура.

ЕМИЛ има за цел да организира состаноци во врска со темите кои се поврзани со работната група, со посебен фокус на развивањето на мрежите за медиумска и информациска писменост.