Во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 3 ноември Институтот за комуникациски студии го одржа настанот Младите, дезинформациските кампањи и СММИ.
Настанот ќе се одржи во Собранието на РСМ, Сала Борис Трајковски“, каде ученици од седум училишта од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково разговараа со пратениците за дезинформациите со кои се среќаваат, информациите што ги следат и инфлуенсерите што им влијаат.
Дали училиштето ги подготвува за овие предизвици? Што им недостига и што би промениле? Нивните искуства и предлози беа во фокусот на дебатата „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“.
Настанот го организираше ИКС во соработка со Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики, во рамки на проектот „КОМПАС“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на British Embassy Skopje.






