Прирачник за обучувачи – Учиме да распознаваме
Во рамките на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ (YouThink), е изработен Прирачник за обучувачи како практичен водич, за секој што ја завршил обуката за медиумска и информациска писменост „Учиме да распознаваме“ (Learn to Discern – L2D) да може самиот понатаму да спроведува обуки за луѓето од својата заедница. „Младите размислуваат“ го спроведуваат Меѓународниот одбор за истражување и размена (ИРЕКС) во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ).