Во присуство на 50-тина средношколци, Комисијата за жалби при СЕММ на 29 октомври одржа јавна седница на која беа разгледани тековните 4 жалби и беа донесени одлуки за тоа дали посочените медиуми го имаат прекршено Кодексот на новинари на Македонија. Младите, ученици во гимназии и средни училишта од Скопје, Богданци и Гостивар, по седницата поставија прашања покренувајќи важни и актуелни теми – за непристрасноста при носењето одлуки по примените жалби, но и за кредибилитетот во новинарството и заштитата на слободата на говор.
Јавната седница, што по традиција е дел од агендата на Деновите на медиумска писменост 2026 во земјата, беше прекуса за љубопитноста на учениците, но СЕММ им ветува дека ќе се сретнеме и во иднина за да поразговараме за важноста на етничкото и одговорно новинарство наспроти манипулативното и пропагандистичко новинарство, неотпорно на дезинформации, странско мешање и говор на омраза.






