Со дводневна Конференција се заокружија Деновите на медиумска писменост 2019

Во организација на Мрежата за медиумска писменост на 14 и 15 ноември 2019 година се одржа Конференцијата „Денови на медиумска писменост 2019“, која е завршен настан од истоимената манифестација што започна на 22 октомври.

Како што истакна директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски на отворањето на Конференцијата, изминатите четири седмици, реализирани се бројни заеднички активности со дел од членките на Мрежата за медиумска писменост, меѓу кои, работилници со над 300 ученици од основните и средните училишта, работилници и средби со претставници на организации на жени и пензионери, отворени денови за посета на АВМУ и други институции меѓу кои и претседателот на државата Стево Пендаровски, посета на медиуми. Одржани се повеќе дебати, панел дискусии, вебинари, како и доделување на наградата „Роберто Беличанец“. Прочитај повеќе…

Видео материјал од Конференцијата „Денови на медиумска писменост 2019“

Со цел што поголем број на граѓани да ја следат Конференцијата „Денови на медиумска писменост 2019“, одржана на 14 и 15 ноември, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  на својот YouTube канал, вршеше он-лајн пренос на настанот.

Видео материјалите од Конференцијата се достапни на линковите:

Активностите на Деновите на медиумска писменост 2019 и на Facebook 

Скопје, 22.10.2019 – За што поголем број на граѓани да бидат информирани за активностите кои на различни локации се одвиваат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2019 година, на социјалната мрежа Facebook креирани се настани (events).

Информации за активностите од првата недела на Деновите на медиумска писменост (22.10. – 27.10.2019) се достапни на линкот

  • Активностите од втората недела (28.10. – 04.11.2019) се достапни на линкот
  • Активностите од третата недела (04.11. – 11.11.2019) се достапни на линкот
  • Активности од четвртата недела (11.11. – 15.11.2019) се достапни на линкот

Отворени Деновите на медиумска писменост

Скопје, 22.10.2019 – Под мотото „Застани, размисли, провери!“ почнувајќи од денес, па се до 15 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Денови на медиумска писменост. На овој начин, земјава се вклучува во одбележување на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Прочитај повеќе…

Денови на медиумска писменост 2019

Во организација на Мрежата за медиумска писменост, од 22 октомври до 15 ноември  2019 година, ќе се одржат Денови на медиумската писменост. На овој начин, нашата земја се вклучува во одбележувањето на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, која ќе се одвива од 24 до 31 октомври. Во текот на 4 седмици, македонските граѓани ќе имаат можност да се вклучат во триесетина работилници, дебати, вебинари, отворени денови и други настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост. Прочитај повеќе…