Мрежата за медиумска писменост, во рамки на Деновите на медиумска писменост, на 30 октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе го одржи својот годишен состанок.
Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на вториот кат.
На состанокот ќе се разговара за досегашните активности на Мрежата, постигнатите резултати и предизвиците во унапредувањето на медиумската писменост. Воедно, ќе бидат разгледани можностите за понатамошна соработка меѓу членовите на Мрежата, како и идните активности насочени кон подигнување на свеста за значењето на медиумската писменост и развивање на критичкиот однос кон медиумските содржини.
Годишниот состанок претставува можност за размена на искуства, идеи и предлози за зајакнување на заедничките напори во промовирањето на медиумската писменост и создавањето информирана, критички ориентирана и медиумски писмена јавност.






