ПРЕВЕДЕНА ПУБЛИКАЦИЈАТА „АЛГОРИТМИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА“
Имајќи го предвид брзото темпо на технолошките промени, развојот на техниките за автоматска обработка на…
Имајќи го предвид брзото темпо на технолошките промени, развојот на техниките за автоматска обработка на…
На линков подолу се емисиите од серијалот Медиатека што го изработија МИМ и МРТ, а…
Преку анкета во три градови во источниот дел на земјава, анализиравме колку младите се медиумски…
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.