Во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“, во соработка со Томас Ратгеб, раководител на одделот Медиумска компетентност, програма и истражување на Државниот институт за комуникации во Баден-Виртемберг, Сојузна Република Германија е изработен Прирачникот за препознавање дезинформации.
Прирачникот меѓудругото нуди одговори како можеме да провериме дали/колку некоја вест/информација, фотографија или видео се вистинити; како основните новинарски прашања – Кој?; Кога?; Каде?; Што?; Како?; Зошто?, (а, кои всушност претставуваат рецепт за пишување вест), можат да се искористат за да се открие штетна информација; и кои се техниките за креирање дезинформации.
Прирачникот во форма на публикација е достапен на македонски, албански и англиски јазик.