ЗАПИСНИК ОД СОСТАНОКОТ НА МРЕЖАТА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ОДРЖАН ВО РАМКИТЕ НА ДЕНОВИ НА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ 2023
Во понеделник, 31 октомври 2023 во 13 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и…
Во понеделник, 31 октомври 2023 во 13 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФН) и Иницијатива за Европска…
Најновата анкета на ЕВРОМЕТАР покажува дека над половина од граѓаните за политички теми најчесто се…
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.




























































