Агенцијата за аудио у аудиовизуелни медиумски услуги во рамките на своите законски надлежности да го поттикнува развојот на медиумската писменост, утврди потреба за изработка на истражување на медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование со цел да се направи таргетирана процена на состојбата кај младите во оваа област, поточно да се истражат мислењата, навиките и перцепцијата на учениците со фокус на нивната способност за критичко размислување и сфаќање на медиумските пораки кои секојдневно се пренесуваат преку различни медиуми и канали за информирање.
За потребите на АВМУ, истражувањето го спроведе Агенцијата Рејтинг и истото е поддржано од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ спроведуван од ИРЕКС, МИМ, ИКС и МОФ.
Истражувањето е објавено во форма на публикација и истото е достапно е на македонски, англиски и албански јазик.