Скопје, 19 ноември 2025 – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 18 ноември во просториите на АВМУ се одржи работилницата „Интердемократија“, која беше наменета за ученици од повеќе средни училишта.
Настанот имаше за цел да го поттикне партиципативниот процес меѓу учениците преку употреба на генеративна вештачка интелигенција, фокусирајќи се на концептите Интердемократија и Мудрост на толпите.
Работилницата ја водеше холандскиот експерт Оно Хансен – Сташињски од организациjaта ДРОГ и проектот Сауфекс, кој на динамичен и интерактивен начин ги мотивираше учениците да ги споделат своите ставови за различните аспекти на вештачката интелигенција.
На настанот, учениците имаа можност да се запознаат со практичната примена на вештачката интелигенција, да научат како преку новите технологии можат активно да придонесат во општеството и да ја искористат генеративната вештачката интелигенција за создавање поинклузивна и одржлива иднина.






