Скопје, 19.11.2025 – Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, на 18 ноември во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа работилницата „Европски мастер по справување со дезинформации“, наменета за вратотените во АВМУ и главните уредници на националните радија и телевизии.
Целта на работилницата беше да им даде поддршка на професионалците во справувањето со предизвиците кои ги создава постојано променливата природа на онлајн дезинформациите. На настанот на кој говореше холандскиот експерт Оно Хансен – Сташињски од организациjaта ДРОГ и проектот Сауфекс, присутните меѓу другото имаа можност да слушнат повеќе за препознавањето на дезинформациите, манипулативните содржини, етичките прашања за слободата на изразување, различните гледишта за различностите во едно општество. 
На крајот на работилницата беше презентирана апликација со Квиз за медиумска писменост подготвен од поранешниот претседател на Советот на Агенцијата, г. Лазо Петрушевски. Квизот е добра алатка за проверка на знаењето поврзано со медиумската писменост кај корисниците, која нуди прашањата и можни одговори, како и едукативна содржина со која се појаснуваат неточно одговорените прашања.






