МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ – КРАТОК ПРИРАЧНИК ЗА РОДИТЕЛИ
🟢 Во ова време во кое сме преплавени од разни дезинформации, гласини или манипулативни содржини,…
🟢 Во ова време во кое сме преплавени од разни дезинформации, гласини или манипулативни содржини,…
Спотот беше обработен од страна на вработени од Агенцијата како и од г-динот Зоран Петров…
🟣 Анализата на АВМУ за родот во детските емисии (2019), покажа дека приватните ТВ немаа…
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.