Најава за „Национална конференција за медиумска писменост во образованието“
На 30 октомври со почеток во 10:00 часот во хотелот Лимак ќе се одржи Национална…
На 30 октомври со почеток во 10:00 часот во хотелот Лимак ќе се одржи Национална…
И оваа година Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола, радио на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“…
Денес на вториот ден од Деновите за медиумска писменост 2024, од 14 до 15 часот…
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.