Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави јавен повик за истражување за медиумска писменост
Скопје, 4 јули 2019г. – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес објави јавен повик за ангажирање…
Скопје, 4 јули 2019г. – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес објави јавен повик за ангажирање…
Скопје, 17.05.2019 – Денеска се одржа состанок на Мрежата за медиумска писменост, на кој се…
Европската комисија го избра проектот МАМИЛ на Високата школа за новинарство и за односи со…
Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.