За Нас

Што е тоа Мрежа за медиумска писменост?

Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да  придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

Проекти за МП од членките на Мрежата

– Постер 1: Медиумската писменост и интеркултурните комуникации

– Постер 2: Придобивки од поврзаноста на медиумската писменост и интеркултурните комуникации

– Постер 3: Улогата на медиумите во интеркултурните комуникации

– Постер 4: Што се очекува од медиумскиот професионалец на полето на интеркултурните комуникации?

– Постер 5: Каква е етичката рамка за известувањето за различностите?
Медиумската писменост и интеркултурните комуникации (СЕММ) Повеќе информации во буклетот
– Постер 1: Што се тоа гласини?

– Постер 2: Што ја сочинува инфраструктурата против гласини?

– Постер 3: Која е улогата на активистите против гласини?

– Постер 4: Како да станете активисти против гласини?

– Постер 5: Зошто е потребна стратегија против гласини?
Гласини (Форум – 16) Повеќе информации во буклетот
– Постер 1: Што е говор на омраза?

– Постер 2: Елементи на говорот на омраза

– Постер 3: Блиски концепти до говорот на омраза

– Постер 4: Казнивост на говорот на омраза

– Постер 5: Механизми за заштита од говор на омраза
Говор на омраза (Форум – 16) Повеќе информации во буклетот
– Постер 1: Одговорност во онлајн просторот – демократски капацитет

– Постер 2: Одговорност во онлајн просторот – Кодекс на новинари

– Постер 3: Одговорност во онлајн просторот – дискриминација и говор на омраза

– Постер 4: Одговорност во онлајн просторот – клик бејт наслови

– Постер 5: Одговорност во онлајн просторот – претставки
Одговорност во онлајн просторот (МОФ) Повеќе информации во буклетот

Која е улогата на АВМУ за медиумската писменост?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) има законска обврска да ја промовира медиумската писменост. За да го оствари ова, таа, преку Мрежата за медиумска писменост, се поврза со креатори на политики, медиуми, едукатори, граѓански организации. Некои активности, Агенцијата ги реализира во соработка со членови на Мрежата или со други чинители, а други, реализира сама. Процесот на консултација и соработка секогаш е отворен.

Истражување на АВМУ

АВМУ за медиумската писменост

Активности и настани на АВМУ

СЛЕДЕТЕ НЕ НА НАШИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

МРЕЖА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА