Скопје, 22.12.2017г. – Денеска, Агенцијата го одржа последниот јавен состанок за 2017 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше во изминатото тромесечие – надзорите врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми; изречените мерки; активностите коишто Агенцијата ги имаше во врска со мониторингот на изборното медиумско претставување за Локалните избори 2017 година, активностите на полето на меѓународна соработка; изработените анализи.
Ирена Цветковиќ од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ги презентираше резултатите од Анализата на известувачките рамки во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТ заедницата. При анализата, користени се следниве рамки: дискриминација/човекови права; зла манипулација и идеолошка вредност. Препораките од анализата се: при подготовката на новите законски решенија поврзани со овие прашања да се отвора јавна и фокусирана дебата со екпертската јавност;
во Законот за ААВМУ да постои санкција за медиумот којшто шири говор на омраза и експлицитно да се споменат последиците за ширење говор на омраза или дерогативен говор кон членовите на ЛГБТ заедницата; поголем ангажман на регулаторните и саморегулаторните тела; медиумите да изготват и да ги почитуваат насоките за известување за маргинализираните групи меѓу кои и ЛГБТ заедницата; прашањето на деконструкција на дискриминацијата да има централно место во прашањето за медиумска писменост во курикулумите за граѓанско образование.
Присутните имаа можност да ги проследат и резултатите од активностите на Агенцијата за поттикнување на медиумската писменост, презентирани од страна на Емилија Петреска Камењарова – раководителка на Одделението за човекови права и медиумска писменост. Во овој контекст беше претставена новата Препорака на Советот на Европа за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор (ЦМ/Рец(2017)9), преведена од Агенцијата на македонски и на албански јазик. Препораката содржи стандарди и инструменти за унапредување на родовата еднаквост, при што укажува на важноста на аудиовизуелниот сектор; бариерите и достигнувањата на жените во овој сектор и дава насоки за подобрување на родовата еднаквост во аудиовизуелниот сектор и мерки за нивно спроведување.
Воедно, беше промовирана новата веб страница за медиумска писменост www.mediumskapismenost.mk на која ќе бидат застапени активностите и на Агенцијата и на Мрежата за медиумска писменост и третиот адаптиран видео спот за авантурата на Јове низ медиумската писменост “Приватност и следење”.
Презентациите од четвртиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:
д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата
Ирена Цветковиќ, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
м-р Емилија Петреска Камењарова, Раководителка на Одделение за човекови права и медиумска писменост
Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за четвртиот јавен состанок за 2017 година, можат да се преземат на следниот линк