На 21 ноември, во организација на Институтот за комуникациски студии се одржа дебатата „ Младите во фокус: Странското мешање и манипулирање со информации“ наменета за студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
На средбата се дискутираше за тоа како странското влијание, нерегулираниот онлајн простор, анонимните профили и непроверените извори ја обликуваат јавната перцепција кај младите и зошто е важно безбедното користење на интернетот.
На настанот говореа проф. д-р Енвер Абдулаху, Сашо Богдановски од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Севдали Селмани од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ), кои се осврнаа на дезинформациите и странското влијание, медиумската регулација и предизвиците на нерегулираниот онлајн простор, како и на сајбер-безбедноста и практичните совети за младите.
Настанот беше дел од Деновите на медиумска писменост 2025 кои традиционално ги организира Мрежата за медиумска писменост.






