Во рамки на Деновите на медиумската писменост, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија на 21 ноември се одржа панел дискусијата „Вештачката интелигенција во редакциите: предизвици за саморегулација и медиумската писменост.
Настанот беше посветен на примената на вештачката интелигенција во редакциите, како и предизвиците за саморегулацијата и медиумската писменост што произлегуваат од нејзината употреба.
На настанот беа посочени различни аспекти за примената на вештачката интелигенција. Новинарите во домашните медиуми користат вештачката интелигенција во секојдневната работа, најмногу ChatGPT, главно по лична проценка, без редакциски пристап. Бројни медиумски содржини се составени од ВИ, но тоа не е транспарентно. ВИ може да ги “убие” автентичноста и стилот на новинарот, да ги унформира текстовите, може да шири и лаги, дезинформации, дискриминација…може да се збуни, да се сплетки, дури и да халуцинира! На новинарите им треба редовна едукација, редакциски насоки и размена на искуства со светот, за машините да им служат ним, а не обратно…
На општеството му требаат системски решенија, европска регулатива, сеопфатна медиумска писменост и поддршка за медиумската саморегулација – за да се осигури штит од штетните ефекти, а да се искористат добрите страни на новите технологии !
На крајот од настанот се одржа и отворена седница на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија.
На настанот присуствуваа учениците од гимназијата “Никола Карев” и нивната професорка Билјана Костова, како и на членовите на Пензионерското друштво при Општина Центар.






