Најновата анкета на ЕВРОМЕТАР покажува дека над половина од граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет. Од нив, најголем дел, над 90 отсто, тоа го прават преку социјалните мрежи, кои, истовремено, се најплодната почва за дезинформации. Имајќи предвид дека следната година е предвидена за избори, како и фактот дека кандидатите и политичките партии токму преку овие канали најлесно допираат до нивните потенцијални гласачи, оформувањето на гласот на граѓаните во овие услови претставува вистински предизвик.
Според комуникологот Сеад Џигал, фактот што токму за политички вести луѓето се информираат најмногу од социјалните мрежи е резултат на дигиталните генерации.
Целото интервју комуникологот Сеад Џигал дадено за МИА е достапно на следниот линк