Како лицата со попреченост го доживуваат начинот на кој се претставени во медиумите? Какви се, всушност нивните комуникациски потреби? Што можат да направат медиумите за да одговорат на тие потреби и да го сменат начинот на кој известуваат за нив?
Ова се дел од темите на кои ќе биде посветена работилницата „Неодложна пристапност“ – за медиумските потреби на лицата со попреченост, која Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја организира на 28 октомври во 11 часот. Работилницата може да се следи на YouTube каналот на www.avmu.mk.
На неа, пред медиумските работници ќе говорат Кристијан Лазарев – автор на македонскиот асистент за читање „Кико“ и проектен асистент на Здружението „Отворете ги прозорците“, Елена Кочоска – програмска раководителка за вработување и едукација на лица со попреченост во „Полио Плус“, Љубиша Савески – професор по моден дизајн, како и директорот на АВМУ, д-р Зоран Трајчевски.