Скопје, 25 октомври 2024 – Со Конференцијата „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“, која ќе се одржи на 28 октомври во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, Мрежата за медиумска писменост го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост (2024).
Конференцијата почнува во 9 часот со свечено отворање на Деновите на медиумска писменост 2024 и Ве покануваме да ја проследите и да известувате од неа.
Со Деновите на медиумска писменост 2024, кои ќе се одржат од 28 октомври до 4 ноември под мотото: „Твојата свесност е најважниот филтер“, преку голем број разновидни настани, ќе дадеме свој придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи: „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.
Ги повикуваме сите кои сакаат да учествуваат и да известуваат за настаните на Деновите на медиумска писменост 2024, да ги следат информациите на Мрежата за медиумска писменост на Facebook, Instagram и Youtube, и на веб страниците https://mediumskapismenost.mk/ и https://avmu.mk/.
Агендата за настанот е достапна на линкот