Во рамки на Денови на медиумска писменост 2022, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје , Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies и Media Literacy Project YouThink, ја одржаа панел-дискусијата „МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ И СТУДЕНТИТЕ“, која е воедно и дел од програмата на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Во дискусијата беа опфатени бројни аспекти на медиумската писменост, нејзината вклученост во образовните процеси и третманот на маргинализираните групи во медиумите. Краткиот осврт на настанот и изјавите на дел од учесниците можете да ги проследите во видеото од настанот.