Како е да се биде гласот на различностите“ е темата на Отворениот ден во Радио МОФ, кој ќе се одвива во петок, 28 октомври од 10 до 12 часот, како дел од #ДеновиНаМедиумскаПисменост
Сите заинтересирани млади може да дојдат, влезат и погледнат во редакцијата на Радио МОФ, да ги запознаат новинарите и уредништвото, но и да дознаат како се „готви“ новинарскиот производ.
Исто така, да слушнат како овој мал интернет медиум и радио низ годините стана гласот на заедницата, постојано третирајќи теми поврзани со човекови права, маргинализирани заедници, граѓански активизам, ангажирана уметност и хумано живеење.