Од почетокот таа е организирана по принципот на хоризонтална структура, во која сите членови се еднакви и имаат исти права и обврски, со тоа што администрирањето го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Во 2019, со цел да се унапреди функционирањето на Мрежата, а сепак да се задржи хоризонталната структура, низ дебата меѓу членките беа формирани три работни групи и беа избрани Координативна група и координаторка.

 

Трите работни групи, во кои зачленувањето е доброволно, се:

Работна група за: ФОРМАЛНО И НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Членки:

Билјана Јанева – Институт Охрид,

Жанета Трајкоска – ИКС,

Виолета Глигороска – Метаморфозис,

Олга Самарџиќ Јанкова – Конеду Глобал,

Снежана Трпевска – Институт РЕСИС,

Весна Никодиновска – МИМ,

Сашо Богдановски – АВМУ,

Катерина Синадиновска – СЕММ

За координатор, членките на групата го избраа Сашо Богдановски

Записник – 11.09.2020

Работна група за: ИСТРАЖУВАЊА

Членки:

Дарко Мајковски – Институт Охрид,

Александра Теменугова – ИКС,

Горан Лазаров, Евротинк,

Игор Мицевски – Институт РЕСИС,

Виктор Стојанов – АВМУ,

Весна Никодиновска – МИМ,

Снежана Пачоска Китанчев – МРТ,

Марина Ивановска – СЕММ,

Столе Наумов – ЦРМ

Координатор, избран од членките на групата е Виктор Стојанов

Белешки од состанокот – 14.09.2020

Работна група за: ПРОМОЦИЈА НА МРЕЖАТА И ПРИВЛЕКУВАЊЕ НОВИ ЧЛЕНКИ

Членови:

Душко Арсовски – Диверзити медиа,

Моника Аксентиевска – ИКС,

Филип Стојановски – Метаморфозис,

Слободанка Филиповска – Конеду Глобал,

Ѓорѓи Митревски – Институт РЕСИС,

Марина Трајкова – АВМУ

Марина Тунева – СЕММ

Членките на групата, за координаторка ја избраа Марина Трајкова

Белешки од состанокот – 11.09.2020

Работна група за: ФИЛМСКА ПИСМЕНОСТ

Членови:

Даниела Станковска Плачковска – Агенција за Филм

Ана Алексовска – ИКС

Дарко Башески – Планет М

Горан Цветковиќ – МРТ 1

Панде Ефтимов – МОФ

Сали Мемет – Прогрес Скопје

Емилија Величкова – СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје

Владимир Стојчевски – ЕСРА

Сашо Богдановски – ААВМУ

Славчо Миленковски – МИМ

Димитар Димовски – Фокус Покус

Мими Ѓоргоска Илиевска – експерт за заштита на аудиовизуелно наследство и филмска дејност

Марија Џиџева – филмска режисерка

Координатор на групата: Даниела Станковска Плачковска – Агенција за Филм

Записник – 27.12.2021

Записник – 28.02.2022

Записник – 28.03.2022

Низ процес на тајно гласање, Мрежата ги избра составот на Координативната група, и координаторката на Мрежата, чиј мандат започна на 15 ноември 2019 година.

Весна Никодиноска

Бојан Шашевски

 Во 2022 се избрани со мандат од две години

Емилија Петреска-Камењарова

Снежана Трпевска

Марина Тунева

Во 2021 се реизбрани со мандат од две години

За координаторка на Мрежата беше избрана Емилија Петреска-Камењарова. Во 2021 е реизбрана за координаторка на Мрежата со мандат од две години.

На 25 март 2021 година, Мрежата за медиумска писменост стана дел од ЕМИЛ – Работната група на ЕПРА (Европската платформа на регулаторни тела). Оваа работна група до сега беше позната под името Media and Information Literacy Taskforce (Група за медиумска и информациска писменост), а со промената на името беше формализирана и нејзината структура.

ЕМИЛ има за цел да организира состаноци во врска со темите кои се поврзани со работната група, со посебен фокус на развивањето на мрежите за медиумска и информациска писменост.