Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институт за комуникациски студии ИКС и Media Literacy Project YouThink, Ви ја најавуваат панел-дискусијата „Медиумската писменост и студентите“, што ќе се одржи на 27.10.2022 (четврток), во 12.30 ч., во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет. Настанот е отворен за медиуми.
Во двочасовната панел-дискусија воведен збор ќе даде проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за наука и меѓународна соработка. Кусо обраќање ќе има и доц. д-р Кристина Н. Николовска, раководителка на проектот „Воведување на идните филолози во сферата на медиумската писменост“, која ќе ги претстави проектните активности што се одвиваат на факултетот во рамки на петгодишната програма „Младите размислуваат“.
За различни аспекти врзани за медиумската писменост, високото образование и маргинализираните заедници ќе дискутираат:
– Блејк Смит, професор од Универзитетот во Чикаго;
– Гордана Алексова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик;
– Бранислав Геразов, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ);
– Бојан Шашевски, новинар од Радио МОФ, кој известува за културата, различностите и предизвиците образованието;
– Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик;
– Саранда Мехмеди, студентка, поетеса, препејувачка и активистка за правата не бегалците;
– Кристијан Лазаров, студент и активист за правата на лицата со оштетен вид.
Модератор: Санта Аргирова
Лице за контакт: Кристина Николовска, kristinanikolovska@flf.ukim.edu.mk, 071 62 48 47.