Истражувачкиот кластер за медиумска писменост и дезинформации (MeDisInfo) на Институтот Макс ван дер Штул, во Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), во вторник, 1 ноември 2022 година, во 10 часот, ќе го емитува Подкастот: Идната генерација во ерата на дезинформации.
Гости-говорници во овој подкаст се студентите на УЈИЕ: Ваљон Даути од Факултетот за современи науки и технологии и Раманда Шеху од Факултетот за јазици, култури и комуникации. Овој настан е организиран во рамките на Деновите на медиумска писменост 2022 година.
Подкастот ќе можете да го следите на ФБ-страницата на Институтот: https://www.facebook.com/MVDSI