Имајќи го предвид брзото темпо на технолошките промени, развојот на техниките за автоматска обработка на податоци (алгоритмите) и нивното влијание врз човековите права, на барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамки на проектот ЈУФРЕКС, на македонски јазик е преведена публикацијата на Советот на Европа „Алгоритми и човекови права“.
Публикацијата не се стреми сеопфатно да се осврне на сите аспекти поврзани со влијанието на алгоритмите врз човековите права, туку има за цел да прикаже дел од најважните актуелни прашања од гледна точка на човековите права за Советот на Европа, како и да разгледа евентуални регулаторни алтернативи за кои земјите-членки може да размислат за да ги сведат негативните ефекти на минимум или за да поддржат добри практики.