Високата школа за новинарство и за односи со јавноста продуцираше пет едукативни видеа во кои се обработуваат различни сегменти на медиумската писменост. Како главен лик е избрана младата ју-тјуберка Изабела Пан (Изабела Јакимовска), која во улога на Медиана, на еден симпатичен начин ги доловува основните концепти на медиумската писменост; советува како одговорно да се однесуваме во онлајн сферата, како да се детектираат лажни вести, што е (новинарска) вест, и секако – како може да ги употребиме медиумите за да направиме позитивна промена во општеството. Видеата се наменети првенствено за младата популација, но се интересни и за пошироката јавност, бидејќи се наменети за подигнување на свеста за прашања од јавен интерес
Видеата се изработени во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го реализира Високата школа во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.
Станува збор за следниве видеа: