Во рамки на проектот „Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување“ кој е спроведен од Вредност на европското знаење – ВЕЗ, во партнерство со гимназијата „Utenos Adolfo Šapokos“ од Утена, Р. Литванија и „Центарот за образовна интеграција на децата и учениците од етничките малцинства“ на Р. Бугарија, беа изработени пет видео спотови кои претставуваат форма на дебата, насочени кон младите и нивното сфаќање на медиумската писменост.
Главните цели на проектот се: признавање на улогата што може да ја има образовниот систем за унапредување на медиумската писменост – способност за пристап на младите до медиумите, критичко оценување, креирање и комуницирање на медиумските содржини – во контекст на стратегиите за доживотно учење на партнерските земји; активно истражување и градење на критичко размислување од страна на наставниците и учениците за пораките што ги добиле и ги создале медиумите; зајакнување на вештините за медиумска писменост за учениците од сите нивоа.
Видеата може да ги погледнете на следните линкови: