Бизнис Академија Смилевски-БАС, континуирано седум години, во рамки на наставниот предмет „Односи со јавност“ со посебен модул „Медиумска писменост“ овозможува расветлување на состојбите со медиумската писменост, компаративни анализи и препораки.
На 27 октомври во БАС-Битола, проф. д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА ќе одржи академски час – прес агол кој е во функција на Денови на медиумска писменост.