Скопје, 05.11.2018г. – Грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, организиран од Фондација Метармофозис и Еуротинк – Центар за европски стратегии, на 2 ноември ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Претставниците на граѓанските организации имаа можност да се запознаат со надлежностите на Агенцијата и нејзиното секојдневно работење, проектите од поширок јавен интерес и можноста за поднесување претставки за работењето на радиодифузерите, печатените медиуми и кабелските оператори. Посебен акцент беше ставен на активностите за развој на медиумската писменост во Република Македонија, функцијата и активностите на Мрежата за медиумска писменост, со насоки како граѓанските организации да станат дел од неа.
На средбата се обрати и претставничка на Бирото за развој на образованието, која даде осврт на наставните содржини и темите за медиумска писменост во образовниот систем во Република Македонија, содржините поврзани со медиумите во другите наставни предмети во основното и средното образование и улогата на изборните предмети и на проектните активности на учениците во однос на медиумите.
Презентациите од средбата се достапни на линковите:
Организација и надлежности на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Наставните содржини и темите од медиумската писменост во образовниот систем во Република Македонија