Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“ на МИМ, ИКС, ССНМ и МДИ од Лондон, подготвува серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, како дел од Недела против лажните вести, која ќе се одржи во период од 12ти до 18ти ноември 2018г.
Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите, ја нанесуваат на целото општество.