Радио МОФ на 27 октомври (четврток) од 12 часот се приклучува на #ДеновиНаМедиумскаПисменост со онлајн видео-дискусијата „Јасно и гласно“ на тема: „Како медиумите известуваат за младите на маргините“.
Во фокус ќе бидат лицата со атипичен развој, односно млади со различни состојби и попречености, па на дискусијата ќе се отворат прашања за тоа како медиумите ги прикажуваат во јавноста, што е должноста на медумите кон оваа група граѓани, но и како да ја подобрат нивната видливост и помогнат да станат дел од јавниот живот, наместо дополнително да ги маргинализираат.
Онлајн дискусијата ќе може да се следи на Фејсбук-страницата на Радио МОФ: https://www.facebook.com/RadioMOF/