Институтот за комуникациски студии (ИКС) во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) организираше презентација на Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост.
На презентацијата, учествуваа професори, наставници и ученици од повеќе средни училишта од државата. Претставници на ИКС им го пренесоа искуството од имплементирањето на овој модел и водич во средното училиште „Никола Карев“, под водство на професорката Снежана Станкова, како и препораки за сите едукатори заинтересирани за спроведување на слични образовни активности за своите целни публики.
Водичот е изработен во рамки на проектот проектот Инклузивно и креативно медиумско образование, спроведуван во партнерство со KAVI (Финска) и Универзитетот во Фиренца (Италија).
ИКС го изработи овој документ со цел да биде практичен водич за секој што сака да спроведува програми за медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште или граѓанска организација.
Настанот се одржа во рамки на Деновите на медиумската писменост 2023.