Во петокот (4-ти мај) во Иновацискиот Центар- Телеком се одржа СТРЕТ Гала настанот за прибирање на средства преку тивка аукција на фотографии. Посетителите се наддаваа за ученичките фотографии од Скопје, Ријека и Радвилишкис кои беа дел од кампањата „Добрината е насекаде околу нас, треба само да ја препознаеме“. Вкупната сума која се оствари од продажбата е во висина од 11 200 денари. Собраните средства учениците самостојно ќе одлучат како ќе ги донираат или реупотребат, применувајќи ги притоа принципите на одржливост и стратешко донирање за кои учеа во претходните фази од проектот. Проектот „Ученици денес-одговорни претпримачи утре“ го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“, и се спроведува во Македонија, Хрватска, Литванија и Белгија во рамки на програмата Еразмус + со поддшрка од Европската Комисија.
На настанот со свои приказни на филантропија и општествена одговорност се претставија и „Вистински дела на љубезност“ , „Охридска банка“, „Лице в лице“, „Храна за сите“ кои говореаа за нивниот придонес кон правењето добро за општеството. Еко-магионичарот Кристиан Шопов преку трикови и илузии ја едицираше и забавуваше публиката и им пренесе за младите дека за успешен „зелен бизнис“ понекогаш е потребна само добра идеја, оригиналност и добри намери.
„Изминатите две години ние работевме со младите од трите земји, зборувавме за социјалното претприемништво, улогата на приватниот сектор, образованието…Она што ние го научивме е дека на младите безусловно им се потребни современите вештини, но и пошироки погледи кон нештата. Така, нудејќи им ги сите концепти на (одговорно, социјално, етичко) претприемништво, новите бизнис модели, вистински примери, ние сепак дојдовме до тоа дека НЗС за се, појдовна и крајна точка е филантропијата, односно желбата да се помогне на другиот.“ изјави Ирина Јаневска од АРНО, организацијата координатор на проектот.
Со свој поздравен говор на настанот се обрати и Дејан Златковски, од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кој нагласи дека:
„Проектот обработува тема со изразена европска димензија и се соочува со предизвици од клучно значење за нашиот образовен систем, а тоа е „Како да создадеме подобри претприемачи, и уште повеќе како тие истите да бидат одговорни претприемачи?“. Искрено веруваме дека резултатите овој проект ќе влијаат на подобрувањето на политиките во рамките на зацртаните стратегии и дека ќе придонесе за креирањето на нови поквалитетни наставни програми, а врз база на европските искуства.“