Високата школа за новинарство и за односи со јавноста неодамна објави конкурс за најдобар медиумски производ (фотоприказна, постер или едноминутно видео) изработени од средношколци на тема „Би сакал/а во мојата општина да …“. Конкурсот трае до 29 април 2018 година, тројцата најдобро пласирани ќе добијат награди (таблет, мобилен телефон, камера GoPro), а авторите на 10-те најдобри производи ќе учествуваат на еднонеделниот летен камп за медиумска писменост во јуни.
Конкурсот е дел од активностите за унапредување на медиумската писменост во средното образование во Македонија, а повеќе информации за условите за конкурирање и формуларот за пријавување можете да најдете на: http://medium.edu.mk/srednoskolski-medium/izrazi-se-preku-mediumite.