Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје организираше работилница на која беше претставена Нацрт-програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија.
Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата доби обврска да презема активности за поттикнување на медиумската писменост и како резултат, во Нацрт-програмата се предвидени активности кои Агенцијата ќе ги спроведува во наредниве години во правец на подигнување и следење на нивото на медиумската писменост. Медиумската писменост е испреплетена во поширокиот општествен, културен и политички контекст и како што рече директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, „Агенцијата и приоѓа на медиумската писменост не само од гледна точка на пристапот на граѓаните до медиумите, туку и од аспект на критичкото разбирање на медиумските содржини и креирањето комуникации во различни контексти“.
За Нацрт програмата, за медиумската писменост во Европа – актуелен развој и предизвици од минатото, говореше Паоло Челот, генерален секретар на Европската асоцијација за интересите на гледачите – ЕАВИ, а на улогата на медиумите во промовирањето на медиумската писменост се осврна д-р Снежана Трпевска, објацата како експерти од ИПА проектот„Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенамеснки услуги“. На работилницата беше претставена македонската верзија на анимираниот спот за авантурата на момчето Џек кое стана Јове со помош на вработените од Агенцијата и на Зоран Петров од РА Антена 5 кој го позајми својот глас. Спотот е насловен како „Авантура низ медиумската писменост“.
Во вториот дел од работилницата имаше панел дискусија за проектите во сферата на медиумската писменост на институциите – творци на политиките, на образовните центри и на граѓанските здруженија. Претставници од Биро за развој на образованието при Министерството за образование, Дирекцијата за заштита на личните податоци; Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање при Високата школа за новинарство и односи со јавноста и од Фондацијата Метаморфозис, ги претставија своите минати, сегашни и идни проекти.
Работилницата е сериозен чекор напред во правец на создавање мрежа од институции и организации кои меѓусебно ќе се поддржуваат и соработуваат, бидејќи медиумската писменост не е појава која се случува во изолација и сама за себе.
Презентаците може да ги преземете на следните линкови:
Спот – „Авантура низ медиумската писменост“
г. Паоло Челот, (ИПА ТАИБ 2009)
Медиумската писменост во Европа – актуелен развој, предизвици од минатото
Нацрт – програма за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија
д-р Снежана Трпевска, (ИПА ТАИБ 2009)
Улогата на медиумите во промовирањето на медиумската писменост
г-ѓа Александра Теменугова
Проекти за медиумска писменост во Македонија
м-р Блага Панева
Медиумска писменост & образование
м-р Лилјана Пецова – Илиеска
Медиумите и заштитата на личните податоци – каде се повлекува линија
г. Владимир Петрески