Скопје, 3 октомври 2019 – Денес се одржа работен состанок на Мрежата за медиумска писменост, на кој меѓу другото се гласаше за членови на координативната група на Мрежата и се дискутираше за Програмата за Деновите на медиумска писменост 2019г.
На состанокот беше презентиран составот и на членовите на трите работни групи во Мрежата – Формално и неформално образование; Истражувања; и Промоција на мрежата и привлекување нови членки. Работните групи, со 10 ноември 2019 треба да одберат координатори во рамки на групите, како и да дефинираат активности кои би ги реализирале.
Присутните имаа можност анонимно да гласаат и за членови на координативната група на Мрежата, и за координатор на Мрежата. Резултатите од гласањето ќе бидат соопштени на 15 ноември за време на Деновите на медиумска писменост 2019г.
На средбата се дискутираше и за активностите што ќе се реализираат во рамки на Деновите на медиумска писменост, а беше претставено и новото лого на Мрежата за медиумска писменост.