Во рамки на Деновите на медиумска писменост 2022, беше одржана Работилница за медиумските потреби на лицата со попреченост под наслов „НЕОДЛОЖНА ПРИСТАПНОСТ“, во организација на АВМУ.
На работилницата беа побарани одговори на следните прашања:
– Како лицата со попреченост го доживуваат начинот на кој се претставени во медиумите?
– Какви се, всушност нивните комуникациски потреби?
– Што можат да направат медиумите за да одговорат на тие потреби и да го сменат начинот на кој известуваат за нив?
– Како да се организираат радиодифузерите да овозможат пристапни програми?
Погледнете дел од дискусијата во видеото подолу.