„Во наше име” е ТВ серијал посветен на медиумската писменост кој е реализиран од Здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Реформатор“, а се емитува во Вестите во 20.00 часот на ТВ 24 Вести, во текот на шест саботи почнувајќи од 25 ноември 2017 година,.
Целата на е проектот е граѓаните да се запознаат со процесот на создавање медиумски содржини за да се поттикнат критички да ги следат содржините кои медиумите ги пласираат и активно да се вклучат во нивно креирање при што ќе имаат улога на контролор на медиумите. Комуникациски експерти, професори, граѓански активисти и јавни личности, зборуваат за принципите кои треба да се почитуваат при информирање на јавноста на теми како говор на омраза, заштита на лични податоци, нарушување на право на приватност, јавен интерес наспроти интерес на публиката – таблоидизација на медиумите, заштита и безбедност на децата и малолетниците на интернет и што е медиумска писменост.
Реформатор го реализира овој серијал како добитник на грант преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.
Досега емитуваните епизоди се достапни на: