Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.
Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование
Шопар, В., Теменугова, А. и Аксентиевска, М., „Медиумската писменост во Македонија: Обид за имплементација во основното образование“, 2018. Скопје: Висока школа за новинарство и односи со јавноста. Достапно на: http://www.medium.edu.mk/attach/Mediumskata-pismenost-vo-Makedonija-obid-za-impelementacija-vo-osnovnoto-obrazovanie-MKD.pdf