Кампањи

Кампања на МИМ за поддршка на професионалното новинарство

Истакнати и почитувани новинари, уредници и медиумски експерти испраќаат пораки за улогата на новинарите и предизвиците со кои се соочуваат, за истражувачкото новинарство, транспарентноста и финансирањето на медиумите, улогата на јавните радиодифузни сервиси, со намера да ги потсетат граѓаните што претставува професионалното новинарство и како да го препознаат во морето информации што стигнуваат до нив.…

Read article
Кампањи

Промовирани нови инфографици за медиумска писменост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуски услуги на третиот јавен состанок за 2019 година кој се одржа на 24 септември, ги промовираше новите инфографици за медиумска писменост – Зад насловите и Зад „лажните вести“. Инфографиците во оригинален формат на англиски јазик ги подготви Меѓународната организација ЕАВИ, а со цел за да станат достапни до што…

Read article
Кампањи

Промотивни видеа за медиумска писменост и критичко размислување

21.02.2019г. – Во рамки на проектот „Тема за дилема“ кој го спроведува здружение Ганимед од Битола, во изминатиот период беа снимени 7 промотивни видеа, преку кои се промовира медиумската писменост и критичкото размислување. Видеата се од едукативен и забавен карактер, а како актери се појавуваат средношколци од седум средни општински училишта во Битола. Во наредниот период…

Read article
Кампањи

Кампања на МИМ за унапредување на медиумската писменост

Македонскиот институт за медиумите продуцираше седум видео и три радио спотови во рамки на кампањата за унапредување на медиумската писменост.  Целта на кампањата е граѓаните да научат критички да ги гледаат, анализираат и проценуваат пораките коишто доаѓаат од различни медиуми, со цел подобро да се информираат и поангажирано да учествуваат во општествените процеси. Главен лик…

Read article
Кампањи

Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест

Во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, Здружението „Медиа плус“ и Канал 77, преку аудио и видео спотови ја почнаа кампањата „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“. Во продолжение видео спот со рап песна изработен во рамки на овој проект.

Read article
Кампањи

Патување до медиумската писменост 3: Приватност и следење

Јове станува се помудар за медиумите и продолжуваат неговите авантури на Островот на медиумската писменост.Овој пат, тој открива дека е следен! Но, кој  го следи и што може тој да направи во врска со тоа? Дознајте во третиот видео спот од авантурата на Јове низ медиумската писменост. Превод и адаптација на македонски јазик: Агенција за…

Read article